За нас

Нашата Креативна Приказна :

  • Covid 19 пандемијата го промени начинот на живот кај сите нас. Во време кога нормалното е забрането,ние мораме да се навикнуваме и адаптираме на новиот начин на живот.Со строгите рестрикции сме приморани да биде повеќе време дома и да ја почитуваме социјалната дистанца.Со цел да се ослободиме од стресот и стравот кој го донесе Корона пандемијата ние решивме да понудиме една платформа наречена МОЕ ХОБИ .
  • Ви нудиме една прекрасна eco friendly анти стрес платформа и интернет продавница- МОЕ ХОБИ-. Нашите производи се од реномирани светски брендови меѓу кој е STAEDTLER за кој сме застапници од 1993 год. како и популарната FIMO полимерна глина
  • Платформа исполнета со интерактивни содржини и инструкции како да направите декор за домот со полимерна глина , да изработите накит преку нашите совети и производи , да насликате прекрасен цртеж , да ја измоделирате омилената играчка на вашите дечиња и многу други занимливости и едукативни еcо friendly и иновативни производи.
  • Оваа платформа ќе биде за сите оние кои сакаат да излезат малце од бледото секојдневие. За сите Креативци , Артисти и Уметници , Родители кои сакаат да имаат децата некоја нова активност освен седењето на дома на телефони , Занаетчии и оние кои за жал останале без работа па имаат слободно време да научат некое ново хоби и стекнат нов занает , а со тоа да придонесат дополнителен приход во домот .
  • Се што треба да направите е да ја ослободите вашата креативност и да влезете во природниот свет на креативните идеи.
  • Ние во МОЕ ХОБИ веруваме дека креативноста ги прави луѓето да бидат посреќни и порелаксирани

зошто МОЕ ХОБИ ?

Вашиот креативен излез од секојдневието

Креативна Интернет продавницата која ви нуди огромна палета на производи со безброј туторијали и инспиративни идеи                "Како Да" направите сами декор во вашиот дом, да научите да сликате, акварелни и многу нови техники  

Ослободување од стресот и подобрување на менталното здравје

Ние во МОЕ ХОБИ веруваме дека креативноста и пронаоѓањето на своето Хоби ги прави луѓето да бидат посреќни и порелаксирани

Брза Испорака и Технничка подршка

Нудиме брза и сигурна испорака 

Со сметка над 1000 денари испораката е бесплатна

Нашиот тим е отворен за совети за нашите производи и техничка подршка 24/7